Сарантис низ целиот свет


Посетете ја нашата веб-страница на групата

Сарантис Група | Англиски

Или изберете локација

Јанис Адетокумбо знае како да ги постигне своите цели!

12 АПРИЛ 2018

Приказната за Јанис Адетокумбо е една од најимпресивните успешни приказни на нашето време. Јанис, пред себе поставува високи и навидум недостижни цели, но со напорна работа и труд успева да ги помести сопствените граници и да го постигне она за кое сонува. Откажување е збор кој е непознат за Јанис. Ова се вредностите кои се заеднички за Јанис и STR8 – омилениот мирис на многу млади луѓе. STR8 и Јанис го имаат истиот пристап кон животот – ги следат целите и гледаат секогаш напред, па од тука и суштината на нивната соработка може да се пренесе во едноставната порака: What you want is ahead!

Јанис верува во напорна работа, решителност и упорност. Тоа се трите основни атрибути кои му помагаат секогаш да се движи напред, а со тоа сака да ги инспирира сите млади генерации да го следат неговиот пример.

За идеално да го запознаете Јанис, доволно е да пренесеме три негови цитати:

"Единствениот пат до успехот е преку напорна работа и трпеливост".

 Јанис најголемиот дел од своето време го поминува со топката – на тренинг и на терен. Тој продолжува секојдневно напорно да работи за уште повеќе да ја подобри својата игра. Не верува во скратен пат до успехот туку само во напорна работа и мотивација!

"Верувај во твојата внатрешна моќ за да те однесе до посакуваната цел"

Самодовербата е една од најдобрите особини кај секој млад човек. Јанис сака да им помогне на младите да го следат неговиот пример, да веруваат во себе и да веруваат дека можат да ги остварат сопствените соништа.

"Стресот е секогаш добар бидејќи е показател дека се грижите за нештата. Но, не дозволувајте стресот да ве совлада, останете со контрола врз ситуацијата"

Јанис можеби најдобро ја знае тежината на одлуките кои секој млад човек треба да ги донесе на патот кон своите цели. Знае за стресот кој овие одлуки го носат и сака да им посочи на младите да не дозволат стресот да претставува пречка помеѓу нив и нивните соништа.

За повеќе информации посетете ја страната на STR8 на Фејсбук!

https://www.facebook.com/str8makedonija/

 

Јанис Адетокумбо знае како да ги постигне своите цели! Три цитати од познатиот кошаркар (211,8KB)

Сарантис Груп го прослави Меѓународниот ден на шумите преку иницијативата на bioten за садење дрвја на Филипините

Брендот за лична нега bioten на Сарантис Груп го го прослави Меѓународниот ден на шумите преку тековната  иницијатива за пошумување на Филипините   Сарантис Груп, една од најголемите мултинационални компании за производи за широка потрошувачка со значајно меѓународно присуство, водечки брендови и партнерства, преку своите корпоративни и производни иницијативи ги зголеми своите напори да има позитивно  општественo и еколошкo влијание во своите оперативни земји.
Повеќе
Change cookies consent Revoke cookies consent