Одржливоста е основа на нашиот деловен модел и таа не води во секојдневниот деловен живот.
Веруваме дека сега е поклучно од кога било да се дејствува со динамичен и заштитнички дух кон глобалните еколошки и општествени предизвици со кои се соочуваме. Бидејќи ја препознаваме одговорностa кон идните генерации, се обврзуваме да ја играме нашата улога во носење на промени на општествено, еколошко и етичко ниво.
Нашата мисија и нашите вредности се основата на корпоративната филозофија и нашиот деловен модел. Етосот ја инспирира нашата морална култура. Извонредноста, довербата, скромноста, сопственоста, одржливоста дефинираат како ние интерно и екстерно работиме и претставуваат компас во исполнувањето на нашата цел.
Во оперативното патување кое се состои од понуда на брендови од врвна класа, наш главен приоритет е одговорноста кон општеството и околината во кругот на нашите активности.
Наша цел е да создадеме дополнителна вредност за нашите клиенти, потрошувачи, партнери, вработени и други засегнати страни, додека истовремено остануваме верни на нашите обврски и нашиот корпоративен идентитет.
Нашата стратегија за одржливост се заснова на одржување оптимална рамнотежа помеѓу економскиот успех и одговорните еколошки и општествени практики. Таа се фокусира на четири столба на дејствување:
Посветени сме на проценка и управување со еколошките и општествените влијанија кои нашите производи ги имаат во текот на нивниот животен циклус, со цел да обезбедиме одржливо производство и да ги поддржиме практиките на одговорна потрошувачка во нашиот синџир на вредност.
Посветени сме на градење општествени односи во сите земји во кои работиме, создавајќи општествено-економски влијанија за нашите стејкхолдери.
Посветени сме на заштита на професионалното здравје, безбедност и благосостојба на нашите вработени, инвестирање во обука за развој на нашиот човечки капитал и заштита на различностите, еднаквите можности и човековите права.
Посветени сме на заштита на цврстото корпоративно управување во кое се вклучени улогите и одговорностите за следење на нашите влијанија врз општесвото,околината, нашата регулаторна усогласеност и деловната етика.
Анализата на нашите економски, социјални и еколошки влијанија идентификува четири главни ESG столбови и ги утврди следните клучни теми за одржлив развој, со хоризонт до 2025 година.