Откријте гo тројнoто дејство на Хијалуроник со еден допир! Биотен предводува со новата ХИЈАЛУРОНИК 3D линија за нега на лице, базирана на троен систем од хијалуронска киселина кој моќно влијание врз брчките и моментално обезбедува ефективна хидратација на кожата.
Нашата кожа има способност да ја задржува влажноста која го обезбедува младешкиот изглед и цврстина најмногу поради присуството на молекулските хијалуронски киселини. Дејствувајќи како магнети, овие молекули можат да ja задржат и до 1000 пати нивната тежина во водата пружајќи хидратација и волумен на кожата. Со годините, квалитетот и способноста на хијалуронските молекули да ја задржат влажноста се намалува со што,како резутат, хидратацијата на кожата опаѓа и се формираат брчки.
За прв пат на пазарот Биотен ви ја претставува технологијата на тројниот хијалуронска киселина систем ,составен од 2 типа на хијалуронска киселина и природен стимулатор на веќе постоечката хијалуронска киселина во кожата, кој осигурува врвна хидратација и корекција на брчките:
Хијалуронска киселина филер: делува како топичен дермален филер и ја измазнува површината на кожата веднаш по нанесување.
Хијалуронска киселина со ниска молекуларна тежина: навлегува дури и во најдлабоките слоеви на епидермисот и помага визуелно да се намалат малите линии и брчки преку подобрување на еластичноста на кожата за поздрав, помлад и посветол изглед на кожата.
Стимулатор на Хијалуронска киселина: помага во обновување на оптималното ниво на хијалуронска киселина преку стимулирање на неговата природна синтеза и обновување, обезбедувајќи интензивна хидратација, отпорност на кожата, цврстина и намалување на брчките.
Bioten HYALURONIC 3D лансирање во С. Македонија (314,2KB)