Сарантис низ целиот свет


Посетете ја нашата веб-страница на групата

Сарантис Група | Англиски

Или изберете локација

Сарантис Груп го прослави Меѓународниот ден на шумите преку иницијативата на bioten за садење дрвја на Филипините

21 МАРТ 2022

Брендот за лична нега bioten на Сарантис Груп го го прослави Меѓународниот ден на шумите преку тековната  иницијатива за пошумување на Филипините

 

Сарантис Груп, една од најголемите мултинационални компании за производи за широка потрошувачка со значајно меѓународно присуство, водечки брендови и партнерства, преку своите корпоративни и производни иницијативи ги зголеми своите напори да има позитивно  општественo и еколошкo влијание во своите оперативни земји. Оваа година ,на 21 март ,брендот за лична нега на групацијата bioten го обележи Меѓународниот ден на шумите преку својата иницијатива за пошумување која започна во 2020 година на Филипините, со цел да се засадат 88 илјади дрвја во провинцијата Замбалес. Денот  е признат од Генералното собрание на Обединетите нации како Меѓународен ден на шумите во 2012 година.

Живееме во ера на непредвидливи предизвици, при што климатските промени се неодложна реалност која не води во сите нивоа на работењето. Имајќи го ова сознание како компас, Сарантис Груп прави сопствени напори да ја интензивира својата динамика кон одржливо производство и потрошувачка, да го намали својот еколошки отпечаток и да придонесе во креирање на позелена иднина за сите.

Брендот bioten преку својата производна филозофија, се докажа како силен поддржувач на одржливоста. Сите bioten производи содржат висок процент на природни состојки и екстракти од одржливи извори. Тие се исто така веган пријателски производи пакувани во целосто рециклирана амбалажа која потекнува од одговорни извори. Детални информации за сите состојки на производите може да се најдат на веб страницата на брендот.

Ерупцијата на планината Пинатубо во 1991 година во провинцијата Замбалес на вулканскиот лак Лузон на Филипините, се смета за втора ерупција по големина во 20 век која го остави целиот регион бесплоден .На ниво на корпоративна општествена одговорност, брендот bioten превзеде активности за заживување на овој регион преку акција за засадување на дрвја.

Во 2020 година беше постигнат договор со племињата Јангил и Банавен за повторно засадување на регионот со дрвја. Групацијата Сарантис преку bioten заедно со своите партнери: ХГО За Иднината, Мадтравел.орг, И-Фејс и инфлуенсерката на брендот Надин Лустре, во 2021 година ја засилија  иницијативата, со цел да засадат 88 илјади дрвја. Истата година се  засадија 13 илјади дрвја, додека во 2022 година со нетрпение очекуваме да ја постигнеме целта на засадени  30 илјади дрвја. Фокусирањето кон постигнување на крајната зелена цел на засадување вкупно 88 илјади дрвца, ќе му даде здив на регионот и просперитетен живот на племињата кои живеат таму.

Сарантис Груп и bioten целат кон подигнување на понатамошната свест околу прашањата за одржлив развој. Одржливото управување со шумите и нивното користење како ресурси се клучни во борбата против климатските промени и во придонесот на креирање просперитет и благосостојба на сегашните и идните генерации. Со нетрпение кон иднината, групацијата ги засилува своите напори на Филипините за да ги исполни своите очекувања во врска со оваа иницијатива, создавајќи предуслови за подобрување на животната средина на регионот.

 

Сарантис Груп

Со седиште во Атина и историја над 50 години, Сарантис Груп е мултинационална компанија за производи за широка потрошувачка која има водечко присуство во Источна Европа и го проширува својот географски отпечаток преку свои подружници и силна извозна активност ширум светот. Нашата мисија е да го подигнеме расположението на потрошувачите преку едноставност што го прави секојдневниот живот подобар.Тоа го постигнуваме со тоа што сме секогаш во близина и тесно соработуваме со сите наши засегнати страни. Нудиме производи за лична нега, домашна нега , здравствена заштита како и луксузна козметика кои имаат позитивно влијание врз секојдневниот живот на луѓето. Преку силна активност во 12 земји, особено во Грција, Полска, Романија, Бугарија, Србија, Чешка, Словачка, Унгарија, Северна Македонија, Босна, Португалија u Украина, одржуваме динамично меѓународно присуство и моќна дистрибутивна мрежа во повеќе од 50 земји во целиот свет.

bioten

bioten е бренд за лична нега на Сарантис Груп кој има нераскинлива врска со одржливоста и природните состоки. Брендот се состои од широк спектар на производи за нега на лице и тело.

Сарантис Груп го прослави Меѓународниот ден на шумите преку иницијативата на bioten за садење дрвја на Филипините (332,4KB)

Сарантис Груп ги поддржа спортските активности и ги промовираше новите Bioten дезодоранси во Градскиот парк на Скопје

Ова лето, откако веќе беа лансирани на пазарот новите Bioten дезодоранси, Сарантис Груп беше дел од организацијата на спортски настан одржан во Градскиот парк на Скопје. Присутни беа голем број на  спортски ентузијасти кои учествуваа во одлично организираниот пилатес час на отворено во паркот.
Повеќе
Change cookies consent Revoke cookies consent