Сарантис низ целиот свет


Посетете ја нашата веб-страница на групата

Сарантис Група | Англиски

Или изберете локација

Светски ден на животната средина: Групацијата Сарантис и нејзиниот придонес кон одржлива иднина

4 ЈУНИ 2021

Aтина, Jуни 4th 2021

Светскиот ден на животната средина е ден посветен на заштитата на животната средина и охрабрувачките напори кои водат кон зелена иднина. Овој ден, поставен од Обединетите Нации, се прославува на годишно ниво на 5-ти Јуни и поттикнува на свесност и акција кон еколошките прашања на национално, корпоративно и лично ниво

Преку одговорна оперативна активност и високо квалитетни производи, Сарантис Груп се стреми активно да придонесе кон оваа промена. Одржливоста е основа на деловниот модел на групацијата и ги води нејзините деловни одлуки низ целиот спектар на активности, од процесот на дизајнирање и производство, до употребата на производите од страна на крајниот потрошувач.

Во овој контекст, групацијата дополнително ги зајакнува своите зелени иницијативи во производството и брендирањето, со цел да ги ублажи сопствените влијанија врз околината и да воведе поеколошка филозофија кај потрошувачите.

Одржливоста во производството и потрошувачката е основна стратегијата за одржливост на групацијата и значително влијае врз нејзините производствени капацитети и пристап кон производите. Посебен акцент е ставен на минимизирање на пакувањата и усвојување практики на кружна економија за отпад, одржливо и кружно набавување на суровини и материјали за пакување, подобрување на енергетската ефикасност, користење обновливи извори на енергија и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Во однос на производството, групацијата има за цел спроведување на еколошки практики. Поставувајќи го својот фокус на намалување на нивото на потрошувачка на енергија за време на производствениот процес, групацијата инвестира во нова опрема на автоматизирани машини во своите погони во Грција, Полска и Украина. Во исто време, групацијата продолжува да инвестира во сертификација на системи за управување со енергија ISO 50001 во Грција и во сертификација на системи за управување со животната средина ISO 14001 во Украина, кои обезбедуваат зелен пристап во производството и понатамошна поддршка во следењето на еколошките перформанси. Идните планови  вклучуваат и инсталирање на фотоволтаични системи производствените капацитети и стекнување на еколошки сертификати на ниво на цела групација. Исто така, инвестицијата во подружницата во Полска-Полипак е во тек и ќе доведе до нов производствен капацитет кој ќе има целосно модернизирана и автоматизирана опрема за машини и ќе користи напредни и еколошко одговорни технологии.

На ниво на производите, Сарантис Груп има за цел да користи суровини и материјали за пакување кои се еколошки, зголемувајќи го процентот на користење рециклирани, биоразградливи и природни материјали и развивајќи формули со подобрен еколошки отпечаток. Групацијата е ориентирана кон понатамошно намалување на пластиката во пакувањата, истовремено поддржувајќи соработка со добавувачи кои имаат слична филозофија.

На пример, составот на производите на bioten, бренд за лична нега , содржи висок процент на природни состојки со екстракти од одржливи извори, амбалажата целосно може да се рециклира, а кутиите за кремите се сертифицирани од FSC (Forest Stewardship Council) и доаѓаат од одговорни извори. Исто така, до крајот на 2021 година, пластичната обвивка од целофан ќе се отстрани од кутиите на сите креми за лице.

Групацијата има развиено и низа на производи за домашна нега (производи за пакување храна, вреќи за отпад, сретства за чистење) според еколошки концепт.

Поточно, производната линија “Green Life”, лансирана за брендовите за домашна нега FINO, JAN и HEWA, користи 90% - 100% рециклирана пластика во вреќите за отпад и има FSC (Forest Stewardship Council) означено пакување. Оваа сертифицирана хартија на FSC се користи и во брендот SANITAS во пакувањето на алуминиумска фолија и фолиите за храна. Последователно, под истата линија Green Life, составот на пластичните производи за еднократна употреба (чинии, чаши, итн.) е заменет со одржливи алтернативни извори, како што се багаса и пченица.

Целта на Групацијата е да создаде позитивно влијание врз секојдневниот живот на луѓето преку одговорната оперативна активност и уникатно влијание врз нејзините брендови, фокусирајќи се на стратешки избори и иницијативи кои овозможуваат подобро утре.

 

Сарантиз Груп

Со седиште во Атина и историја над 50 години, Сарантис Груп е мултинационална компанија за производи за широка потрошувачка која има водечко присуство во Источна Европа и го проширува својот географски отпечаток преку свои подружници и силна извозна активност ширум светот. Нашата мисија е да го подигнеме расположението на потрошувачите преку едноставност што го прави секојдневниот живот подобар.Тоа го постигнуваме со тоа што сме секогаш во близина и тесно соработуваме со сите наши засегнати страни. Нудиме производи за лична нега, домашна нега , здравствена заштита како и луксузна козметика кои имаат позитивно влијание врз секојдневниот живот на луѓето. Преку силна активност во 13 земји, особено во Грција, Полска, Романија, Бугарија, Србија, Чешка, Словачка, Унгарија, Северна Македонија, Босна, Португалија, Украина и Русија, одржуваме динамично меѓународно присуство и моќна дистрибутивна мрежа во повеќе од 50 земји во целиот свет.

Светски ден на животната средина: Групацијата Сарантис и нејзиниот придонес кон одржлива иднина (405,5KB)

Сарантис Груп го прослави Меѓународниот ден на шумите преку иницијативата на bioten за садење дрвја на Филипините

Брендот за лична нега bioten на Сарантис Груп го го прослави Меѓународниот ден на шумите преку тековната  иницијатива за пошумување на Филипините   Сарантис Груп, една од најголемите мултинационални компании за производи за широка потрошувачка со значајно меѓународно присуство, водечки брендови и партнерства, преку своите корпоративни и производни иницијативи ги зголеми своите напори да има позитивно  општественo и еколошкo влијание во своите оперативни земји.
Повеќе
Change cookies consent Revoke cookies consent