Сарантис низ целиот свет


Посетете ја нашата веб-страница на групата

Сарантис Група | Англиски

Или изберете локација

Чест ни е да Ви ја најавиме новата #BUnofilter кампања!

1 АПРИЛ 2016

Кампањата стартува од 1-ви Април 2016. Ова е единствена можност за сите девојки да бидат на чекор од станување познати!

Сите ние секојдневно се фотографираме и ги користиме Facebook и Instagram за да ги споделиме фотографиите со нашите најблиски. Фотографираме среќни моменти, новата фризура или накит, спомен од  ноќта во диско, романтичен момент со саканиот, нашиот најнов стајлинг или момент на страст...

Новата #BUnofilter кампања Ве охрабрува да ги споделите секојдневните моменти, и слободно да искажете какво е Вашето моментално расположение.

Учеството во оваа кампања е многу едноставно: Пристапете директно на www.BUnofilter.com или преку Facebook, Youtube и Instagram. Аплодирајте една или повеќе Ваши фотографии и одберете го расположението кое најдобро ја опишува Вашата фотографија и со тоа ќе  станете дел од  #BUnofliter заедницата!

Не ви се потребни професионални камери, шминка или фризура. Едноставно, споделете ги вашите секојдневни фотографии со BU заедницата!

Секоја седмица, бираме по една BU девојка на неделата и Ве наградуваме! Со самото прикачување на Вашите фотографии, влегувате во изборот на вредни награди, а меѓу наградите се B.U. колекции, шопинг-ваучери, Lenovo Yoga таблет, како и главната награда – Вие да бидете заштитното лице на новата B.U. кампања!

Сликај се! Одбери дали си In Love, Romantic, Party Girl, Spicy, Wild, Free, Sparkling, In Fashion или Passion! Веќе си потенцијалното заштитно лице на новата B.U. кампања или добитник на една од вредните награди!

 

 

B.U. претставува повик да го славиме животот, себеси како се чувствуваме во моментот. BU Golden Kiss ја симболизира вашата внатрешна искра, скапоценоста и внатрешната магија која призлегува од самите Вас. Станува збор за сјајот кој го поседувате бидејќи сте свои кога се изразувате себеси. Sparkle, Preciousness, Shine & Magic, се карактеристиките на жената кои се автентични за секоја посебно, ја отсликуваат нејзината природа и ја прославуваат разновидноста во секој момент. Golden Kiss е нова концепција за B.U. женственоста, мирис толку нов, но во исто време и сличен со стилот на B.U. Спакуван во златно шише кое ја рефлектира светлоста и уникатноста на оваа варијација на B.U., овој мирис е богат со цветно-овошни ароми. BU Golden Kiss мирисот започнува со свежи багремови ароми, преку вкусна нота на јаболко и круша и омекнува со слатка женствена жица од јасминови ливчиња и кадифена слива. Топлите нијанси го сочинуваат богатството на овој мирис!

Чест ни е да Ви ја најавиме новата #BUnofilter кампања! (258,6KB)

Сарантис Груп го прослави Меѓународниот ден на шумите преку иницијативата на bioten за садење дрвја на Филипините

Брендот за лична нега bioten на Сарантис Груп го го прослави Меѓународниот ден на шумите преку тековната  иницијатива за пошумување на Филипините   Сарантис Груп, една од најголемите мултинационални компании за производи за широка потрошувачка со значајно меѓународно присуство, водечки брендови и партнерства, преку своите корпоративни и производни иницијативи ги зголеми своите напори да има позитивно  општественo и еколошкo влијание во своите оперативни земји.
Повеќе
Change cookies consent Revoke cookies consent