Компанијата Гр. Сарантис СА (во понатамошниот текст како „Компанијата“ или „ние“) се труди да Ви обезбеди искуство кое ги задоволува потребите на нашите посетители, преку одговорно користење на информациите собрани преку нашата веб страница. Ние сме посветени да ја почитуваме Вашата приватност и да се усогласиме со применливото право за заштита и приватност на лични податоци.
Обработувањето на Вашите лични податоци е управувано од овие услови, од соодветните одредби на грчката и европската правна рамка за заштита на податоци, вклучувајќи ја и Регулативата за општа заштита на лични податоци (2016/679), грчката национална легислатива L4624/2019 и соодветните одлуки, упатства и регулативи донесени од грчките органи за заштита на податоци.
Политиката за приватност („Политиката“) претставува интегрален дел и е вклучена во Условите за користење на нашата веб страница и истата може да биде предмет на измени. Ве советуваме редовно да ја проверувате нашата Политика за заштита на податоци со цел да бидете информирани и да добивате известувања за било какви измени. Со посетување и прелистување на нашата веб страница, Вие се согласувате на оваа Политика за заштита на податоци која што е на сила во моментот. Кога ќе бидат направени суштински измени, ние ќе се погрижиме да биде објавено соодветно известување за посетителите на нашата веб страница.
Политиката објаснува како ги собираме, обработуваме и/или користиме информациите кои ги добиваме преку нашата веб страница, електронската пошта која ја испраќаме, како и мобилните апликации (целокупно, „Платформата“ – ако е само веб страница, користете го терминот „Веб страница“) кои се поврзуваат со оваа Политика и нивните повремени измени. Оваа Политика, исто така, опишува како ги собираме, обработуваме, користиме и споделуваме личните информации кои ни ги давате. Таа, исто така, го опишува Вашиот избор во однос на употребата, пристапот, преносот, корекцијата и бришењето на Вашите лични информации.
Ние ги собираме информациите за да Ви ги обезбедиме нашите услуги. Со цел на најдобар начин да Ви ги обезбедиме нашите услуги за да ја оствариме врската која што ја имаме со Вас, клучно е да можеме да ги собереме и употребиме информациите како што е опишано во оваа Политика.
Кога ни ги доставувате Вашите податоци со цел да добивате новости или други ажурирања и/или со цел да се регистрирате за понудените програми/за да купите стоки/услуги од нашата е-продавница, ние ги собираме и одржуваме Вашите податоци ексклузивно за целите наведени подолу. Во овој контекст, ние ги собираме податоците кои ги доставувате, како што е име, живеалиште, електронска пошта, телефонски број, мобилен, факс, информации за кредитна картичка, дата на раѓање и пол.
Кога ја користите веб страницата, Вашиот уред автоматски ни обезбедува информации, така што ние можеме да одговориме и да го прилагодиме нашиот одговор на Вас. Видот на информации кои што ги собираме со автоматизирани општи средства вклучуваат технички информации во врска со Вашиот компјутер, како што е IP адреса или друг идентификатор на уред, видот на уредот што го користите и верзијата на оперативниот систем. Информациите кои што ги собираме може, исто така, да вклучуваат информации за употреба и статистика во врска со Вашата интеракција со веб страницата. Таа информација може да опфаќа URL на нашите веб страници кои што сте ги посетиле, URL на соодветните и постоечките веб страници, прегледи на страници, време поминато на страницата, број на кликнувања, вид на платформа, податоци за локација (ако имате овозможен пристап до Вашата локација на Вашиот мобилен уред) и други информации за начинот на кој сте ја користеле Платформата.
Овие информации се собираат со употреба на колачиња и други технологии за лично следење. Силно Ви препорачуваме да ја погледнете нашата Политика за колачиња со цел да разберете повеќе за колачињата, како ние ги користиме и како да ја контролирате нивната употреба.
Ние ги обработуваме Вашите податоци само за следните цели:
Цел
Објаснување
Обезбедување услуги
Кога прелистувате по нашата веб страница, мора да ни ги дадете Ваши лични податоци. Ние ги собираме Вашите лични податоци со цел да Ви ги понудиме услугите кои што ги барате, за да бидеме сигурни дека ги исполнуваме Вашите потреби кога ги користите нашите услуги и/или со цел да Ве контактираме за прашања во врска со обезбедувањето на нашите услуги.
Да Ве известиме за новостите поврзани со новите работи
Ако ни ја дадете Вашата согласност со регистрирање на Вашите податоци во полето за претплата на нашиот весник, ние ќе ги регистрираме Вашите податоци и ќе Ви испратиме весник и ажурирања.
Подобрување на услуги
Ние ги чуваме Вашите податоци и историјата на употреба на нашите услуги со цел да создадеме статистика која ќе ни овозможи подобро да им пристапиме на посетите и пребарувањата од страна на корисниците преку нашата веб страница за да ја подобриме нејзината содржина и структура.
Маркетинг материјал
Ако ни ја дадете Вашата согласност, ние ќе ги користиме Вашите контакт детали за да Ве контактираме, со цел да Ви испратиме маркетинг материјал и да Ве информираме за некои специјални понуди/попусти или други промотивни активности.
Целно рекламирање
Ако ни ја дадете Вашата согласност за да добивате целно рекламирање врз основа на Вашите преференции или одделување на потрошувач, ние ќе користиме автоматизирани средства за да ги обработиме информациите кои што ни ги обезбедувате и историјата на Вашите трансакции преку нашата веб страница со цел да Ви испраќаме новости, специјални понуди или промотивен материјал кој што е релевантен за Вашиот профил и преференции.
Во врска со употребата на податоците кои што се собираат преку колачиња, Ве молиме погледнете ја нашата Политика за колачиња.
Пристапот до Вашите податоци може да им биде обезбеден на нашите прописно овластени вработени и деловни партнери кои што делуваат во наше име за горенаведените цели на обработка, преку нудење на ИТ услуги за регистрација и складирање на Вашите податоци, за делување на нашата веб страница и/или услугите за грижа на корисници и/или за испраќање на маркетинг пораки или за успехот на маркетинг истражувањето.
Периодите на задржување може значително да се разликуваат врз основа на видот на информациите и како се користат. Нашите периоди на задржување се засноваат на критериуми кои вклучуваат законски задолжителни периоди на задржување, нерешени или потенцијални судски спорови, нашата интелектуална сопственост или права на сопственост, барања за договор, оперативни директиви или потреби и историско архивирање.
Во случај кога сте регистрирани да добивате весници, ќе ги сочуваме Вашите податоци сè додека сте регистрирани да ги добивате новостите кои сакате.
Во случај ако добивате некаква услуга од нас, ние ќе ги задржиме Вашите податоци до 5 години од последниот настан на користење на нашите услуги.
После тоа, Вашите податоци ќе бидат избришани, освен ако не ја обновите Вашата согласност за нивна обработка. Можете да побарате во било кое време да престанеме да Ви испраќаме маркетинг материјал и/или да ги избришеме Вашите податоци.
Нашата компанија ги обезбедува Вашите права во однос на обработување на личните податоци и дава сигурност дека ќе можете да ги остварите истите.
Имате право да барате:
Пристап до Вашите лични податоци
Коригирање на Вашите лични податоци ако се неточни или нецелосни.
Бришење на Вашите лични податоци, освен ако нивната обработка е неопходна за остварување на законските права на Гр. Сарантис СА или трети лица, за исполнување на законска обврска, од причини од јавен интерес или за одбрана на нашите законски права пред судски или други органи.
Ограничување на обработката на Вашите лични податоци само заради посебни цели.
Да ја повлечете во било кое време Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци за маркетинг цели и/или целно рекламирање со испраќање електронска пошта или писмено барање на dpo@sarantisgroup.com, it_gdpr@sarantisgroup.com, користејќи ги деталите за контакт подолу. Во таков случај, нивната обработка од наша страна ќе биде прекината, но тоа нема да влијае на легитимноста на која било обработка извршена до моментот на повлекување.
Со цел да остварите некое од горенаведените права, можете да ни испратите електронска порака или писмено барање на контактите наведени подолу.
Ако сметате дека заштитата на Вашите лични права е нарушена, имате право да поднесете жалба до грчкиот орган за заштита на податоци. (www.dpa.gr).
Контакт
Сарантис Скопје
Бул.8ми Септември, 40/2
1000, Скопје, Р.Северна Македонија
Тел: +389 2 2700 551