Сарантис низ целиот свет


Посетете ја нашата веб-страница на групата

Сарантис Група | Англиски

Или изберете локација

ФИНО – причина за вашата НАСМЕВКА

30 ДЕКЕМВРИ 2018

Уште од 2003 година ФИНО е Вашиот пријател на кој можете да му верувате во извршувањето на работите во домаќинството кои го прават Вашиот живот полесен и поедноставен…

ФИНО палетата на производи е составена од производи за пакување на храна до кеси за отпад и производи за чистење, кои станаа составен дел од Вашите секојдневни потреби во домаќинството. Се грижи за Вашит секојдневни потреби повеќе од 10 години до сега, посветени сме на истражување и иновации за да понудиме  квалитетни и сигурни производи.

ФИНО е Вашиот паметен сојузник, експерт во секој дом, бидејќи ФИНО го сака Вашиот дом.

 

ФИНО АЛУМИНИУМСКА ФОЛИЈА

За секојдневно готвење, складирање и носење на храна. Фино алуминиумската фолија е најлесното и најсигурното решение дури и за Вашитие најсложени потреби. Направена од високо квалитетна алуминиумска легура, ја сочувува Вашата храна свежа истовремено штитејќи ја од светлина и непријатни миризби. 

Ви овозможува да готвите брзи и лесни оброци, можете да ја покриете тавата додека печете во рерна или пак да ги завиткате и складирате остатоците од храна.

ФИНО палета на алуминиумски фолии: 10m, 20m, 30m и 8m x 45cm за пошироки тави.

 

ФИНО НАЈЛОНСКА ФОЛИЈА

Складирањето и одржувањето на храната свежа можеби е една од Вашите секојдневни грижи. Со ФИНО Најлонската Фолија нема потреба да се грижите повеќе, бидејќи Ве уверува дека Вашата храна е покриена со сигурност и одржана свежа подолго време.

ФИНО Најлонската Фолија е идеална за покривање на садови за храна и послужавници, завиткајте ги Вашите сендвичи и остатоци од ручек сочувувајќи ги сите вкусови и мириси.

ФИНО Најлонска фолија палета на производи: 20m, 30m и Ролна 45m во 100 листа!

 

ФИНО ХАРТИЈА ЗА ПЕЧЕЊЕ

Печењето на храна и слатки никогаш не било полесно. ФИНО хартијата за печење е идеална за обложување на тави за торта и садови за во рерна за нелепливи и здрави резултати без дополнително користење на путер или масло.

Благодарение на специјалната нелеплива формула од висок квалитет и отпорност, храната и слатките се печат подеднакво и лесно се одлепуваат од хартијата. Плус, ако печете директно на хартијата нема да има потреба од чистење!

ФИНО палета на производи на хартија за печење: 6m, 8m и 42m x 38cm во 20 листа

 

 ФИНО КЕСИ ЗА ПЕЧЕЊЕ

За да додадете вкус и здравје на вашата трпеза, ФИНО специјалните кеси за печење може да се користат во микробранова или во стандардна рерна. Кесите за печење обезбедуваат вкусно и здраво печење бидејќи храната се пече во сопствените сосови, без потреба да се додава масло или путер истовремено заштедувајќи Ви време и пари.  Готвењето станува полесно.

Достапни се 2 типа:

Кеси за печење со димензии 25 x 38cm, 8 парчиња или 35 x 43cm, 5 парчиња за поголеми оброци.

 

Едноставни кеси за мраз со врзување

Со ФИНО кесите за мраз ќе бидете сигурни дека секогаш ќе имате доволно коцки мраз, без непријатни миризби! Лесни се за употреба и ефикасно ја чуваат водата заштитена од другите работи во Вашиот замрзнувач.

Достапни се во 1 големина со 196 коцки мраз.

 

Classic кеси за отпад

Доколку барате сигурност и лесно затворање ФИНО Classic кесите за отпад се идеални за Вас.

Направени се од напредна пластика со голема јачина, со лента за затворање која гарантира максимална издржливост и без истекување.

Останете classy со ФИНО…

 

Power кеси за отпад

За Вашите од најмали до најголеми потреби, со Power кесите за отпад н треба да се грижите. Тие се направени од многу јак материјал и Ве уверуваат дека нема да има истекување.

ФИНО Power кесите за отпад се достапни во 6 големини.

 

Кујнски сунѓери

Идеални за секојдневно миење на садови. Нивниот специјален состав помага да се направи повеќе пена, ги прави поиздржливи и ултра абсорбирачки.

Достапни се во пакување од 1 парче, 2 парчиња и 5 парчиња.

 

Микрофибер крпи

Високо квалитетните и трајни микрофибер крпи нудат перфектен сјај на рамните екрани, прозорци, садови и било каков тип на површина, отстранувајќи прав, отпечатоци од прсти и дамки од вода. Нивниот богат состав со висока густина на микровлакна обезбедуваат одлични резултати дури и на осетливи површини, истовремено отстранувајќи го правот, отпечатоците од прсти и дамките од вода без да ги изгребе површините.    

Достапни за универзална употреба, за стаклени површини, за подови или за во кујна.

 

 Универзални крпи за домаќинство

Употребувајте ги ФИНО универзалните крпи за домаќинство за суво и мокро чистење. Ултра абсорбирачкиот и високо квалитетен материјал не остава влакненца или дамки. Идеални се за суво и мокро чистење на секаков тип на површини, како што се кујнски работни површини, мебел, маси, додатоци во бањата, плочки итн. Достапни се во пакување од 3 парчиња. 

 

ФИНО – причина за вашата НАСМЕВКА (219,1KB)

Сарантис Груп го прослави Меѓународниот ден на шумите преку иницијативата на bioten за садење дрвја на Филипините

Брендот за лична нега bioten на Сарантис Груп го го прослави Меѓународниот ден на шумите преку тековната  иницијатива за пошумување на Филипините   Сарантис Груп, една од најголемите мултинационални компании за производи за широка потрошувачка со значајно меѓународно присуство, водечки брендови и партнерства, преку своите корпоративни и производни иницијативи ги зголеми своите напори да има позитивно  општественo и еколошкo влијание во своите оперативни земји.
Повеќе
Change cookies consent Revoke cookies consent